вторник , 24 октомври 2017
ZA MEDIUMI

„100 Илјади поети за промена“ на Саем на книга 2017

На 8 април 2017 година од 17:00 до 18:00 часот, како дел од годишната програма на Саемот на книгата (Промо Центар), Македонската ссоцијација на издавачи во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организираат ревијално едночасовно поетско читање на дел од поетите учесници на меѓународната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Дел од изданијата на стихозбирката „100 Илјади поети за промена“ ќе можат да се купат во рамките на Саем на книга 2017 на штандот на Издавачката куќа „Полица“, а организаторот на манифестацијата и поетот Митко Гогов ќе гостува за дружење со читателите.

Од околу 220 автори кои се вклучија на конкурсот, во зборникот по претходна селекција се застапени 60 автори, меѓу кои Звонко Танески, Марина Мијаковска, Стефан Марковски, Михајло Свидерски, Драгана Евтимова, Исток Улчар, Моника Стојановска, Гаврило Миловановиќ, Биљана Стојановска, Стефанов Стевчо, Славица П. Диневска, Мартин Богатиноски, Славица Гаџова Свидерска, Д.А. Лори, Јовица Ивановски, Горана Митровиќ, Тихомир Јанчовски, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов, Викторија Мирческа, Андреј Ал-Асади, Мануела Златкова…

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои се дел од ова движење обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овие читање ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Ќе се види дали може да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

Да проговориме јавно за сите оние промени кои сакаме да ги видиме, а се однесуваат како на оние материјални аспекти, така и на оние духовни аспекти, за тоа дека не сакаме да има повеќе војни, геноцид, сакаме да има толеранција, разбирање, прифаќање на различностите и всушност ширење на онаа генерална, основна порака на луѓето, т.е. повеќе љубов, повеќе разбирање и прифаќање на луѓето такви какви што се.

  Ова е прв пат манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ да биде дел од Саемот на книга во Скопје, со помош на остварената соработка меѓу Македонската Асоцијација на Издавачи, Издавачката куќа „Полица“ и Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Бидете дел од новата традиција – повелете на поетско читање и промоција на зборниците поезија на „100 Илјади поети за промена“.

______________________

* Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ќе продолжи и понатаму да ги следи своите поставени цели како што се развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирање на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирање и негување на современите и традиционалните културни вредности, поттикнување на мултидисциплинарноста во творештвото и усовршување на дигиталните вештини, како и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива.

* Големиот обем на издадени книжевни дела поврзани со домашните проекти, во 2012 година, ја наметна потребата за комерцијализација на издавачката дејност на Конгресен сервисен центар – Полица. Визијата е да се зголеми бројот на комерцијална изданија, и да се збогати пазарот со нови и атрактивни наслови. Имаме востопставено контакти со врвните издавачки куќи во светот, со цел секогаш на читателите да им понудиме добри наслови.

Дизајн: Зоран Кардула

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …