сабота , 21 октомври 2017
ministerstvo-za-ekonomija

13 илјади евра ќе потроши Министерството за економија за регионална конференција „Балканот како туристичка дестинација”

За организирање на регионална конференција „Балканот како туристичка дестинација”, Министерството за економија планира да потроши 847 илјади денари, или приближно 13 илјади ерва. Ова е објавено на Бирото за јавни набавки. Во огласот е наведено дека се бара изнајмување на конференциска сала од хотел со 4 ѕвездички, дополнителна конференциска сала, шведска маса за 100 луѓе, изнајмување хостеси, презентер, подароци за присутните, изнајмување опрема за манифестацијата. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 12 октомври. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.