вторник , 25 јули 2017
kupi_kuka_za_mladi_g111_0

5 ритуали за разубавување кои не треба да ги правите пред спиење

Можеби мислите дека вашите ритуали пред спиење ќе ви помогнат да го одржите здравјето на кожата и ќе ви помогнат добро да се наспиете. За жал, ова не е секогаш вистина. Некои ритуали сепак е подобро да ги практикувате наутро.

1. Бричење

(1)5-rituali-za-razubavuvanje-koi-ne-treba-da-gi-pravite-pred-spienje-kafepauza.mk

Иако нема ништо лошо во бричење навечер, доколку сакате лицето да ви биде мазно, најдобро е тоа да го правите наутро. Подобро е да се разбудите порано за да имате време и да не ризикувате да се пресечете.

2. Туширање со жешка вода

man washing his hair in shower

Иако туширањето со жешка вода изгледа како нешто што најмногу ќе ве опушти, всушност тоа може да ви влијае на сонот. Кога се туширате пред спиење температурата на вашето тело се покачува. Температурата не телото во текот на ноќта е пониска, а тоа ви помага во спиењето. Па, ако се туширате навечер дајте му време на телото да се „разлади“ за да можете да спиете добро.

3. Чистење на лицето со сапун или несоодветен препарат

Washing face

Миењето на лицето со било кој сапун може да биде многу штетно за вашата кожа. Можете да предизвикате црвенило, или уште полошо, акни. Пред да го одберете вистинскиот препарат за вашето лице, откријте каков ви е типот на кожата. Ако имате премногу чувствителна кожа треба секогаш да користете посебни производи за чистење на лицето, а не сапун.

4. Го нанесувате погрешниот хидратантен крем

(4)5-rituali-za-razubavuvanje-koi-ne-treba-da-gi-pravite-pred-spienje-kafepauza.mk

Како и чистењето на лицето со погрешен препарат, и користењето на погрешниот хидрататен крем е лошо за вашата кожа. Откако ќе го измиете лицето, целта на хидратантниот крем е да ја поправи штетата од загадувањето, сонцето и стресот во текот на денот. Важно е да знаете дека ноќните и дневните креми се различни. Дневните креми се со полесна текстура а често содржат и заштитен фактор. Ноќните креми се погусти и ја омекнуваат кожата додека спиете.

5. Ги четкате забите, но не ги чистите со конец за заби

(5)5-rituali-za-razubavuvanje-koi-ne-treba-da-gi-pravite-pred-spienje-kafepauza.mk

Чистењето со конец за заби е клучно за грижата на вашите заби и непца. Иако препорачливо е да користете конец два пати дневно за да ги отстраните остатоците кои четката не може, доволно е тоа да го правите само навечер. Четката за заби не ги отстранува сите остатоци од храна, а таложењето на тие остатоци предизвикува забен камен.

Слични написи

silicone-heart

ВИДЕО: 3Д печатено силиконско срце бие како вистинско

Напредните техники за 3Д печатење со кои се произведуваат меки роботи и машини во иднина …