среда , 18 октомври 2017
dokumentarciMRT

500 000 евра за да документарците на МРТ се претворат во книги и ЦД-а

dokumentarciMRTМинистерството за култура ќе издава ЦД изданија од документарците за македонската историја кои се емитуваат на МРТ и за ова ќе потроши повеќе од 460 000 евра. Кога на оваа сума ќе се додаде и данокот, се доаѓа до сума од околу 500 000 евра.

Според објавениот конкурс се бара фирма која, во рок од три години, ќе издаде и испечати 39 книги со прилог ЦД од документарните филмови кои се реализирани и емитувани на Македонската радио телевизија. Проценетата вредност без ДДВ е 28.571.429,00 денари.

Меѓу овие 39 документарни филмови се и оние за Павел Шатев, Букурешкиот договор од 1913 година, за Христо Узунов, Дамјан Груев, Владислав Ковачев, Гоце Делчев, документарецот „Заколнати за Македонија“, по сценарио на Никола Жежов. Потоа документарниот филм за Ристо Шишков, чиј автор е Братислав Ташковски. Меѓу овие филмови е и документарниот филм за Христо Матов, за Христо Татарчев во кој учествува и скулпторката Валентина Стефановска, а работен по сценарио на Зоран Тодоровски, потоа документарецот за Владислав Ковачев во режија на Гоце Цветановски. Меѓу нив е и филмот за Тодор Александров по сценарио на Диме Ратајковски. Тука се и документарците за современата историја на Македонија, повеќето премиерно емитувани во 2013 година.

Дел од документарни филмови во продукција на МРТ во јавноста беа оценети како еднострани и афирмативни за владејачката партија.

Инаку, во една од снимките на прислушуваните разговори, што ги објави СДСМ, се слуша како премиерот Груевски му нарачува на поранешниот министер Миле Јанакиевски да префрли пари за „патриотски документарци“.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.