понеделник , 21 август 2017
hrana

6 знаци кои покажуваат дека имате недостаток на калиум

На телото му е потребно многу калиум за да функционира правилно. Тој е електролит што помага во правилното функционирање на нервните и мускулните клетки. Покрај исхраната, недостатокот на калиум е поврзан и со повраќање и со дијареја, како и со земање на некои видови антибиотици. Ако имате недостаток од овој електролит, вашето тело ќе покажува неколку симптоми. Еве 6 од нив кои доколку ги чувствувате добро е да додадете повеќе калиум во вашата исхрана.

1. Подуеност

Подуеноста може да биде предизвикана од многу фактори, а еден од нив е недостигот на калиум. Без него вашето тело не може правилно да го филтрира натриумот и како резултат на тоа се појавува подуеноста

2.Констипација

Вашиот дигестивен систем не работи ефикасно без калиум. Вишокот сол, како што наспоменавме погоре, предизвикува подуеност која потоа создава гасови и констипација.

3. Замор

Постојат многу причини поради кои може да се чувствувате уморно, и ниското ниво на калиум е една од нив. Покрај заморот, може да се чувствувате слабо и да имате вртоглавица.

4. Висок крвен притисок

Доколку имате висок крвен притисок, додавање калиум во вашата исхрана може да ви помогне. Ниското ниво на калиум влијае на вашиот крвен притисок, додека нормалното ниво му помага на телото да го одржи крвниот притисок во нормала.

5. Прескокнување на срцето (палпитација)

Недостатокот на калиум може да влијае на вашето срце нарушувајќи го неговиот природен ритам. Како резултат на ова може да почувствувате прескокнување на срцето и неправилно биење.

6. Вкочанетост, трпнење и грчеви

Без калиум вашите нерви може малку да попуштат и да почнете да чувствувате вкочанетост, трпнење или грчеви.

Храна богата со калиум:

  • Банани
  • Дињи
  • Школки
  • Јогурт
  • Бел грав
  • Авокадо
  • Калинки
  • Сладок компир
  • Спанаќ
  • Домати
  • Млеко

Слични написи

beni

Немој да се курчиш-нова песна на Бени & Нон стоп

„Никој не се смее, сè полудено“. Се само еден стих од новиот рокенрол на Бени …