недела , 22 октомври 2017
FB_IMG_1507291686148

60 години ликовно творештво, ЦСЛУ-Прилеп, предизвици и иднина

На ден 06.10.2017 година (петок), со почеток од 17:00 до 19:00 часот во просториите на Гратска Библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ќе се одржи Панел-дискусија „ 60 години ликовно творештво, ЦСЛУ-Прилеп, предизвици и иднина“.

Модератор: Огнен Јанески
Панелисти:
1. Гоце Божурски, историчар на уметност
Тема: Ликовните колонии денес, привлечност и проблематики
2. Билјана Прентоска, претставник од Министерство за култура на Р.М., Сектор за европски интеграции и креативни индустрии, Одделение за Креативна Европа на ЕУ – програма култура
Тема: Можности за напредок со помош на Креативна Европа и останати ЕУ фондови
3. Јана Јанеска Ристески, историчар на уметност , Председател на Уметнички совет и член на извршен одбор на ЦСЛУ-Прилеп
Тема: ЦСЛУ-Прилеп, развој, творештво, предизвици и иднина
4. Ана Франгова, историчар на уметност и претседател на ликовна колонија Галичник
Тема: Ликовна колонија Галичник, предизвици и иднина
5. Проф. д-р. Никола Смилков , Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за образовни науки, академски скулптор
Тема: Значењето на колониите и симпозиумите за ликовните уметници, едукација, вреднување и заштита на уметничките дела, самите ликовни уметници и институциите за ликовна дејност.
6. Жарко Стеваноски, адвокат и правен застапник на ЦСЛУ-Прилеп
Тема: Заштита на културното, уметничко творештво на ЦСЛУ-Прилеп, минато, сегашност и идни перспективи
Настанот ќе продолжи со:
I. Ретроспективна изложба –
„60 Интернационална сликарска колонија, ликовното творештво во ЦСЛУ-Прилеп“
1. Доделување на благодарници , водител Огнен Јанески
2. Отворање на изложбата г-дин Гоце Божурски, историчар на уметност
3. Коктел
Место: НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
Датум: 06.10.2017-13.10.2017 година
Време: од 19:30 ч. до 21:30 ч.

Ви благодариме на соработката.

Со Почит,
ЦСЛУ – Прилеп

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …