вторник , 26 септември 2017
jasminka angelova

А ШТО АКО БИДЕ ТВОЕТО ДЕТЕ, БРАТ, СЕСТРА …ТВОЈОТ САКАН!!!

Ова ДПМНЕ за да го сврти вниманието од актуелната бомбастична пролет си го „нарача кумановското Диво насеље“!!! Следуваат преговори со најинтелегентните криминалци и потпишаниот договор од Пржино. Гледаме опструкции за новиот Закон за Специјалниот јавен обвинител. Дајте луѓе, ако властодршциве толку се по преговарачката маса, да им дозволиме само да преговараат (да се спогодат) со Специјалниот Јавен Обвинител. Законскиот услов е да ги признаат сите кривични дела, да не ги уништиле доказите и да не влијале на сведоците, а за тоа време да бидат во притвор бидејќи одамна се исполнети сите услови за одредување, вклучувајќи ја и опасноста од бегство. Дури тогаш може да продолжи преговарањето со криминалната банда (злосторничко здружение) и соработката да им биде земена како олеснителна околност.

Повторно во ќорсокак. Што е следно? Што планираат?!

Нема опозициски министер за внатрешни работи, а МВР се екипира со нови и нови партиски послушници. Воедно се распишува тендер за прејадување со чоколади!!! Ќе се одвојат околу 77.000 евра за повеќе од 100.000 чоколади. Во условите во огласот, меѓу другото, МВР бара доказ дека фирмата располага со возило за превоз на стока и дека има персонал од најмалку две лица за испорака.

За што се подготвува МВР? Па им требаат толку чоколади?! За специјалците на терен?! За ангажирање на посебната единица?! За воена или вонредна состојба, па им треба и фирма со возило за дотур на новата енергија???

Како размислува нивниот монструозен ум?! Планирање и договарање за курбанот!!! Да се даде повторно, во униформа или поголем е ефектот со цивилни жртви. Што ли си мислат, а?!

Да потсетам на премногу сериозни, а неодговорени прашања. Како МВР дозволи терористи да влезат на македонска територија? Како МВР дозволи доколку навистина се вклучени и мештани, да се организираат и да внесат и да чуваат (купуваат) оружје во огромни количини? Можевте да спречите, нели! Не кажавте како ја нарековте кобната кумановска оперативна акција?! Обично, милувате да се чаталите со звучни и фрапантни имиња на оперативните акции! Последнава за апсење на соработниците на терористите беше „Молња“, а оваа со терористиве од ИСИЛ, е наречена „Ќелија“?!

Прашање на ден е кога нова планирана акција за претрес на објект ќе прерасне во борба во урбана средина!!! Неуставен министре, прашувам, повторно ли се поготвувате за борба со најопасната терористичка група на Балканот! Овие ќе влезат илегално или со македонски пасоши?!

Зошто не ги смачкавте претходните терористи? Зошто дозволивте загуба на човечки животи? Тешко повредени специјалци! МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ!!! Наградите нема да ги замолчат полицајците!!!

Во полициските кругови се зборува дека уапсените терористи од кумановската акција кои беа приведени во неколку полициски станици биле предадени на службен разговор на инспектори надлежни за ситни кражби?! Каде биле инспекторите од УБК? Зошто се појавиле наредниот ден по приведувањето само за да ги соберат службените белешки од разговорите на инспекторите од Општ криминал?! Зошто не разговарале со нив? Што знаат овие колеги од водење на разговор со терористи и добивање на дополнителни безбедносни информации?! Зошто приведените упорно од полициските инспектори си ги барале Парите кои им биле ветени и барале да си одат од станицата?! Зошто, зошто…

Од официјалната полициска пријава поинаква е полициската шпекулација и за монструозната ликвидација на младите луѓе на Смилковското езеро… Во какви униформи биле облечени ликвидаторите??? Не се на УЧК … ниту од странство… Ова го кажуваат повеќето полициски службеници кои на денот на злосторството имале радио станица во рацете!!! Од страв молчат…ама зборуваат пред блиските…меѓу себе… меѓу колеги…Полициските гласини нема да сопрат…

Во денешното соопштение на опозициската СДСМ насловено како „Курири и филмови веќе не помагаат“ се вели: Нема да помине никакво оправдување на Никола Груевски, за црното сценарио што и го приредува на Македонија. Овој човек сега се обидува да креира меѓуетнички тензии и да ја загрози иднината на државата само затоа што се плаши од министер за внатрешни работи со полни ингеренции, како што стои во Договорот од 2 јуни / 15 јули.

Повторно ли ново црно сценарио!!! Нема потреба да го одвлечете вниманието на подзаспиените граѓани, тие ионака мака мачат со секојдневниот животен опстанок во кој ги втурнавте. Не сакаме нови невини жртви па и заради целосно исфрлање на договореното, заради целосно погазување на дадениот збор. Не сакаме повеќе жртви. Доста е.

Е граѓани се прашувате ли?! Што ако на ред биде твоето…твоето најмило…?! А ШТО АКО БИДЕ ТВОЕТО ДЕТЕ, БРАТ, СЕСТРА …ТВОЈОТ САКАН!!! Дали и тогаш ќе молчите?!

Јасминка Ангелова

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …