вторник , 26 септември 2017
abasss

Абас го осуди палењето на гробницата на Јосиф кај Наблус

abasssПалестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го осуди нападот врз еврејското свето место крај Наблус, на Западниот Брег, пренесоа француските медиуми.

Претходно денеска беше јавено дека радикални Палестинци во текот на ноќта со „Молотови коктели“ ја запалиле третата по значење еврејска светост – гробницата на Јосиф, што се наоѓа во близина на бегалскиот камп Балат, крај градот Наблус, на Западниот Брег на реката Јордан.

Махмуд Абас палењето на гробницата го оцени како неодговорен чин и нареди истрага и поправање на предизвиканата штата.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …