вторник , 26 септември 2017
abutovic

Абутовиќ останува во Вардар следните три години

Илија Абутовиќ и во следните три години ќе остане во таборот на РК Вардар. Левиот бек новиот договор го потпиша пред еден месец, а македонскиот шампион одлучи денеска да го потврди. Абутовиќ кој дојде во 2011 година, во таборот на „црвено-црните“ ќе остане до 2020 година.

„Неговите добри игри сезонава беа препознаени и од ЕХФ и тој е вклучен меѓу кандидатите за најдобар одбранбен играч во лигата на шампионите. Важи за голем и бескомпромисен борец, кој својот придонес во играта го покажува најмногу преку одбранбените задачи. Тој е важен дел од одбранбениот бедем пред голот на Вардар“, пишаа на официјалниот сајт на РК Вардар.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …