четврток , 19 октомври 2017
Edmond Ademi

Адеми: Мнозинскиот модел не е автократски, но ВМРО-ДПМНЕ е автократска партија

Edmond AdemiЧленот на Изврниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми преку својот личен ФБ профил му одговор на петочната колумна на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев која што беше објавена во Дневник:

“Пратеникот Влатко Ѓорчев во својата колумна, во денешниот број на “Дневник“, а претходно Премиерот во заминување Груевски, повикува на промена на изборниот модел на мнозински во еден круг, или попознат како FTPT (First-Past-The-Post) што се користи во Велика Британија и САД. Да, по тој модел се гласа за пратеник, за личност, а партијата има помалку влијание.

И сето тоа е ОК, ама тоа е така, ама во држави со неколку вековна историја на демократски вредности и традиција како што ќе заклучи самиот Ѓорчев, но Македнонија ниту има такава историја, а уште помалку таква демократска традиција, а владеењето на ДПМНЕ во овие 9 години, и она малку демокрaтски вредности што ги градевме ги уништи.

Кога веќе авторот се повикува на САД, Велика Британија и Канада, да се обидеме да ги видиме разликите, ги има многу, но да се задржиме на оние кои дотичниот се повикува.

За разлика од Македонија, во САД и Велика Британија, и во Канада не се фалсификуваат лични карти, во САД ниту Демократите, ниту Републканците ни на крај памет не им е да носат гласачи од пограничните села од Мексико за да гласаат за избори, ниту пак на Лабуритсте и Конзервативците во Англија да носат жители од Исланд.

Ни на крај памет не му паѓа на Барак Обама да му се јави на Секретарот за Транспорт Ентони Фокс и да му каже дека треба да прати неколку луѓе да му залепат неколку шамари на Градоначалничката на Дистрикт Колумбија Муриел Бовсер.

Ни на крај памет не му e на Британскиот секретар за Транспорт Партик МекКуглин да му се јави на шефот на MИ6 Алекс Јунгер, и да му побара неколку агенти да дојдат да ги отворат кесите со гласачкиот матерјал, или пак да наредува исклучување на лифтовите низ зградите по Лондон.

Не, Влатко, мнозинскиот модел не е автократски, но ВМРО-ДПМНЕ е автократска партија, а нејзиниот лидер, премиер во заминување, истотака. ‪#‎ИмаРазлика‬, нели?”

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.