вторник , 26 септември 2017
administracija

Администрацијата да не се изложува на притисоци и на злоупотреби

Предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на предвремените парламентарни избори и начините за нивно навремено пресретнување и спречување беа тема на разговор на вчерашната работна средба помеѓу дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Двајцата министри, како што информираат од МИОА, ги изразија својата заложба и подготвеност во рамките на законските овластувања да го дадат својот придонес парламентарните избори да поминат во фер, регуларна и демократска атмосфера, односно да бидат отстранети сите можни притисоци и злоупотреби на администрацијата.

Наедно, се отвори и прашањето за моделот на оценување на администрацијата, со акцент на нелогичното казнување, при што заемно беа истакнати забелешките, идеите и предлозите, за овозможување услови за департизирана и професионална администрација во Република Македонија, во интерес на сите граѓани.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …