недела , 22 октомври 2017
sorabotka-bezbednost-razuznavanje

Агенцијата за разузнавање и Факултетот за безбедност ја зајакнуваат соработката

Анекс Меморандум за соработка потпишаа денеска директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје Никола Дујовски.

– Исклучително е важно и за Факултетот и за Агенцијата да ги отворат своите капацитети и да ги препознаат активностите што може да придонесат за унапредување на работата на двете институции – рече Дујовски.

Тој посочи дека Факултетот ќе се вклучи во многу активности кои ќе ги спроведува Агенцијата во следниот период, особено во делот на обука на кадри и внатрешен тренинг на вработените.

Директорот на Агенцијата за разузнавање изјави дека денешното опкружување и безбедносните закани кои се присутни во земјата и надвор не дозволуваат да работиме сами, бидејќи во тој случај ништо не може да се постигне.

– Заканите се многу комплексни, во последно време станува збор за нелинеарен начин на војување. Ако пред неколку години можевме да препознаеме кој е непријателот, сега е многу тешко да се идентификува, нагласи Иванов.

Како најголем ризик за безбедноста тој го посочи тероризмот и додаде дека Агенцијата за разузнавање е подготвена да одговори на актуелните ризици, бидејќи таа систематски пристапува кон сопствената надградба.

Агенцијата, додаде тој, активно соработува со 58 служби на дневна основа, а нејзини претставници се присутни и работат во осум држави.

Директорот на Агенцијата за разузнавање денеска по потпишувањето на анексот на Меморандумот пред студентите на Факултетот за безбедност – Скопје одржа предавање на тема „Промените во безбедносното опкружување на Република Македонија и глобалните предизвици и закани“.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …