петок , 22 септември 2017
jakartas-540x320

Агресивна пропаганда на радикалниот ислам на социјалните мрежи во Индонезија

jakartas-540x320Властите во Индонезија треба да преземат поконкретни мерки за сузбивање на растечката и се поагресивна пропаганда на радикалниот ислам и агитирањето за регрутација на нови борци на страната на Исламската држава во Ирак и Сирија, предупреди денеска Институтот за политичка анализа на конфликтите од Џакарта, соопштувајќи дека најмалку 500 жители на Индонезија се борат на страната на ИД.

Со над 256 милиони жители, од кои 75 посто се муслимани, Индонезија е меѓу најпосакуваните цели за регрутација на борци во редовите на Исламската држава, кои по евентуалното враќање во татковината би требало да создаваат локални групи за прогласување на калифати. Полицијата годинава откри десетина кампови, најчесто на поодалечените острови, во кои  повратници од боиштата во Ирак и Сирија, на и инструктори од странство обучувале десетици млади луѓе за вооружена борба и тероризам. Казните за фатените лица, според оценки на аналитичарите, не се соодветни на нивните дела, но Индонезија сеуште не ги сменила антитерористичките закони правени во време кога се сметаше дека исламскиот радикализам не ја засега оваа држава.

Институтот за политичка анализа од Џакарта во опишуањето на се поприсутната пропаганда на ИД на социјалните мрежи и апликациите за мобилни телефони, известува и за нова појава за склучување на он-лајн бракови меѓу Индонежанки и борци од Исламската држава. Понудите за брак борците од Ирак и Сирија ги прават и снимаат уживајќи во базени за капење по враќање од воени операции. Директорката на Институтот порача властите да ангажираат поголем број обучени лица за анализа на содржините на пораките што ги испраќаат креаторите на пропагандата на ИД. Во спротивно, тешко ќе се обезбедат мерки за соодветно дејствување против растечката и очигледно влијателната пропаганда на радикализмот.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …