недела , 22 октомври 2017
ahmeti

Ахмети: ДУИ е единствен чувар на албанското прашање

Демократската унија за интеграција синоќа имаше собир во Преспа каде што пред членовите и партиските симпатизери ја претстави својата предизборна програма.

Лидерот на партијата и носител на листа во 6. Изборна единица Али Ахмети рече дека ДУИ ќе продолжи да биде единствениот чувар на албанското прашање во Македонија.

Барајќи го гласот за неговата партија Ахмети посочи дека со гласањето за други партии само се ослабува позицијата на Албанците и им с еовозможува на македонските партии да постигнат голема победа.

Малите албански партии, како што посочи, лидерот на ДУИ, освен навреди и сеење омраза меѓу луѓето, друго не можат да постигнат. Македонските партии, според него, не треба да бараат албанските гласови, бидејќи, како што нагласи, легитимни претставници на Албанците може да бидат само албанските партии.

Пред присутните говореше и носителот на листата во 5. Изборна единица Агим Шакири.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …