петок , 22 септември 2017
ali ahmeti

Ахмети не верува дека нешто може да му наштети на изборниот процес

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние.

Ахмети му честитал на амбасадорот за новата задача изразувајќи уверување дека тесната соработка со официјален Париз ќе продолжи и во иднина.

„ Ахмети и Тимоние разговараа и околу политичката ситуација и изборите на 11 декември како и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Ахмети ги изрази ставовите на ДУИ за политичката ситуација велејќи дека секој треба да го даде својот придонес за веродостојни и сеопфатни избор. Ахмети не верува дека може да има активности на штета на изборниот процес како и истакна дека ДУИ е против секој обид за заплашување или условување на гласачите“, се вели во соопштението.

Ахмети ја истакнал потребата од француската поддршка за силно продолжување на Евроатлантската перспектива на Македонија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …