недела , 24 септември 2017
ahmeti

Ахмети: Нема целата платформа да биде вклучена во владината програма

Декларацијата на албанските партии во Македонија нема да биде целосно имплементирана во новата програма на Владата од повеќе причини, кои се многу реални и искрени, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава дадена за неколку медиуми на албански јазик.

Според Ахмети, најважно за Македонија е да стане членка на ЕУ и НАТО и да остане стабилна.

-Во однос на Заедничката декларација на албанските политички партии, тоа е програмски изјава која е вклучена во сите програми на политичките партии на Албанците и јас не мислам дека таа претставува опасност. Таа изјава е во корист на Република Македонија, за просперитет на регионот. Постојат сепак многу поважни прашања како што се членството во НАТО и ЕУ, економски развој, рамномерен развој на регионите. Главните точки од таа изјава ќе бидат вклучени во владината програма – изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ дополни дека сите аспекти од декларацијата ќе бидат отворени за дебата и нема да се држат во тајност бидејќи не претставуваат никаква закана за Македонија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …