петок , 18 август 2017
ahmeti

Ахмети побарал што побрзо да заврши конституирањето на Собранието

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Франција во Скопје, Кристијан Тимоние, со кого разговарал за ситуацијата во земјата и во регионот и за итната потреба од решавање на политичката криза.

„Ахмети го информираше амбасадорот на Франција дека побарал од релевантните парламентарни партии да го започнат дијалогот со цел да се постигне компромис и што побрзо да заврши конституирањето на Собранието, како почетна точка за решавање на кризата. Ахмети го информираше амбасадорот дека со заедничката декларација не се прекршува уставниот поредок или карактер и е во целосна согласност со Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија и претставува резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии“, соопшти ДУИ.

Ахмети повтори дека Иванов и другите политичари не се осмелуваат политичката да ја претворат на етничка криза, и максимално треба да се воздржат од поттикнување омраза меѓу двете етнички заедници.

Слични написи

Barselona-napad-2

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што …