недела , 22 октомври 2017
aleppo-d-512x320

АИ: Сириската армија врши воени злосторства во Источна Гута

aleppo-d-512x320Сириската Влада врши воени злосторства врз жителите на Источна Гута, бунтовнички регион во близина на Дамаск, каде цивилите страдаат поради интензивните бомбардирања, објави „Амнести интернешнал“ (АИ).

Околу 163.000 луѓе се под обсада, а сириските власти ја користат гладта како оружје за водење на војна, наведува организацијата за заштита на човековите права.

АИ го осудува и однесувањето на бунтовничката група Армија на исламот, која го лишува населението од храна и киднапира цивили.

Источна Гута веќе две години е под опсада на сириската армија, а хуманитарната ситуација е тешка бидејќи недостасува храна и вода, а регионот е мета и на воздушни напади.

Во првите шест месеци од годината АИ регистрирала најмалку 50 напади врз Источна Гута, при што загинале околу 500 цивили.

АИ апелира да се дозволи неограничен хуманитарен пристап во Сирија, а Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за случувањата во земјата.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …