сабота , 21 октомври 2017
Doni Manoleva

Ако зборот е збор тогаш и одговорност мора да има !

,, На лагата и се кратки нозете, порано или подоцна вистината ќе излезе на површина” Вистината е како шило боде, боде и ќе излезе на површина…. изјава на Никола груевски 08 Април 2011 година.

И точно така дојде и тој ден 30.05.2017 година кога вистината излезе на површина и лагите со кои што бевме бомбардирани сите исплашени граѓани паднаа во вода. Вистината излезе на површина почно е, таа се вика Вистина за Македонија, проектирана од Зоран Заев и неговиот тим.

Од топ реформаторите во Груевистичката Влада кои редовно сечеа ленти, удираа камен темелници, отвараа спортски сали и училишта, вработија толку многу граѓани што дури 60 илјади од нив си заминаа и мигрираа во други земји. Спроведоа здраствени реформи на штета на граѓаните, со партизирано судство со спинови и местенки на невини граѓани и катастрофален и скандалозен медиумски простор. И има уште многу што да се напише за ова единаесет годишно нечесно и абнормално владеење но време е за Вистината.

Ако според Заев, зборот е збор, тогаш и одговорност мора да има !

Вистината за Македонија на чело со Зоран Заев, човекот кој на многу од нас ни ги отвори очите. Време е за нов живот, за нова надеж, верба и светлина за Македонија. Вистина е дека Македонија изгуби единаесет години од нејзината агенда, вистина е дека единаесет години не сме мрднале ниту еден чекор напред, дека имаме држава во која што сите чуствуваме дека имаме многу изгубено време и многу изгубени години, но исто така Вистина е дека оваа година 2017 и добро почна…

Година не надеж: Зоран Заев за Премиер, Мурињо во Скопје и Никола Груевски Шутка, напиша професорот Фрчковски во една од неговите последни колумни.

Добивме елоквентен сестран политичар со високи стандарди и етички вредности, со изграден карактер јасни ставови и принципи. Добивме сестран познавач на она што значи минато, сегашност и иднина, оратор со харизма и човек кој има лидерски способности и успеа да ја поведе масата народ по него без разлика на етничка или верска припадност, успеа да ја поведе масата на прав пат, пат за излез од оваа 11 годишна агонија.

Слободно ќе си земам за право да кажам дека добивме визионер со способност да гледа низ времето но и јасна визија за својата држава во иднина, толерантен но и здрав расудувач кој истовремено ќе биде и вешт во компромисите, искусен менаџер кој успешно менаџира како на домашната така и на меѓународната политичка сцена, на свој препознатлив начин каков што знае и умее тој, Зоран Заев.

“Кога гледам во светот , станувам песимист, но кога гледам во луѓето јас сум оптимист” – Карл Роџерс

М.М.

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …