недела , 22 октомври 2017
Bitolanova-685x320

АКТО годинава без финансиска поддршка од Општина Битола 

Bitolanova-685x320Јубилејното 10-то издание на АКТО фестивалот за современа уметност кое годинава ќе се одржи од 14 до 16 август во Битола се организира без никаква финансиска поддршка од општина Битола.

Фестивалот кој во текот на изминативе девет години добиваше различна сума од општина Битола, оваа година ја креира програмата со нула јавни пари АКТО како и секоја година аплицира на јавниот повик за учество во програмата на битолското културно лето „БитФест“ а годинава не доби писмено известување дека е одбиен туку резултатите ги дозна од испечатената програма на „БитФест“.

11840385_10207483642824435_1552864785_o

Инаку „БитФест“ е финансиран од општина Битола а покровител е градоначалникот Владимир Талески.

– Кои се причините зошто битолско културно лето не сака да вклучи фестивал што се занимава со современа култура и по „возраст” e врсник на „БитФест“? Сеуште немаме одговор/образложение од општината. Дали на Битола некој одлучи дека не и е потребна современа култура? Кој и како одлучи да не биде поддржан АКТО ова јубилејно 10-то издание? Се надевам дека на овие прашања наскоро ќе добиеме одговор. Дотогаш ќе се обидеме да не ја изневериме публиката (пред сé локалната битолска) и да го реализираме фестивалот, кој активно го претставувал градот Битола во национални, регионални и интернационални рамки во изминатите 9 години – вели Филип Јовановски, уметнички директор на АКТО Фестивалот за современи уметности.

Оваа година фестивалот ќе се одржи со поддршка на регионалните мрежи „Урбано зуење“ (Urban Hum) и „Балканот може современо“ (BCC-Balcan Can Contemporary) кои се поддржани од Фондацијата „Култура Нова“ од Загреб (Хрватска) во партнерство со „Фрлачи на сенки“ (Shadow Casters) од Загреб и во коорганизација со организацијата „Друго море“ од Ријека како и во партнерство со ЦАЦ – Центарот за Современи уметности од Скопје. Фестивалот е поддржан и од Прилепска пиварница во рамки на програмата „Даб фор артс“.

Инаку од првото издание на АКТО во 2006 година во рамките на деветте изданија на фестивалот имало 338 учесници од 13 земји, се реализирани 101 уметнички настани на 44 различни локации низ градот, 49 перформанси и 9 театарски претстави, 12 изложби и имало 41 музички настан. На фестивалот тимот го сочинувале 165 соработници и биле вклучени и 200 волонтери. Во текот на деветте години, се организирале околу 20-тина бесплатни АКТО превози со воз на релација Скопје – Битола – Скопје.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …