вторник , 25 јули 2017
zica-Avto-540x320

Акција за бесплатен превентивен технички преглед

Акција за бесплатен превентивен технички преглед во текот на месец јули и август со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во летните месеци, реализираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и „Мото Америт“.

Бесплатниот превентивен технички преглед, како што информираат, може да се направи во новата станица за технички преглед „Мото Америт“ на улица 1506 во скопската населба Момин Поток, од 10 јули до 10 август годинава.

Според Иван Илиевски од „Мото Америт“, акцијата има за цел поголема безбедност на патиштата, но исто така и да поттикне една добра навика кај возачите за вршење на незадолжителни технички прегледи на возилата.

Акцијата е дел од соработката меѓу „Мото Америт“ и РСБСП за унапредување и зголемување на безбедноста на патиштата.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …