вторник , 24 октомври 2017
rama

Алабанското собрание ја изгласа програмата на владата „Рама 2“

Албанското Собрание дури денеска утрово по широката дебата со мнозинство на гласови ја изгласа Програмата на Владата „Рама 2“. За Програмата на новата влада на премиерот Еди Рама гласаа 78 пратеници додека 51 беа против.

Премиерот Рама нагласи дека интеграцијата на земјата во ЕУ , борбата против корупцијата, реформите во судството и борбата против производството и шверцот со дрога се основи на новата влада.

Опозицијата го обвини премиерот Рама, дека во првиот мандат неговата влада потфрли во целост бидејки во земјата владее криминалот, корупцијата, а владата го помага производството и шверцот со дрога.

Инаку новата влада има 14 министерства наместо 21, а премиерот нагласува дека со намалување на бројот на министерствата ќе се намалат и трошоците во Владата.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …