вторник , 24 октомври 2017
robert-alagozovski-pres-konferentsija

Алаѓозовски побара дисциплинска постапка за актерот Михајловски

Министерството за култура побара од директорот на МНТ, Дејан Пројковски, да поведе дисциплинска постапка против актерот Тони Михајловски за повреда на угледот на установата откако Здружението на новинари на Македонија побара Министерството да реагира поради заканите по живот што Михајловски му ги упатил на новинарот Бранко Тричковски преку Фејсбук.

Од Министерството најостро го осудуваат јавно искажаниот говор на омраза од страна на актерот Михајловски и додаваат дека за неговиот последен истап, освен кривична одговорност, постои и дисциплинска одговорност во рамките на установата во која е вработен.

ЗНМ вчера побара од Основното јавно обвинителство во Скопје кривично да го гони Тони Михајловски, за сторени кривични дела по член 144 и член 386 од Кривичниот законик, против новинарот Тричковски.

Михајловски на својот профил на Фејсбук напиша: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми Боже“.

Потоа напиша: „Не сме се разбрале. Јас не сакам да го гледам низ нишан, ниту, пак, да трошам 2 евра. Со раце, за да се гледаме во очи. Не би ја пропуштил таа фаца при испуштање душа“.

ЗНМ посочи дека со овие објави Михајловски упатил закана по живот кон новинарот Тричковски и ја ставил во опасност неговата сигурност.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …