среда , 18 октомври 2017
Jonsko-jadraanski-gasovod-sobir

Албанија домаќин на состанокот за Јонско-јадранскиот гасовод

Четвртиот состанок  за управување со проектот Јонско-јадрански гасовод (IAP – Ionian Adriatic Pipeline), се  одржа во петокот во Тирана. На состанокот присуствуваа донатори, експерти и претставници на амбасадите во Албанија, кои разговараа за наредните чекори кон имплементација на овој значаен инфраструктурен проект, кој има стратешка важност не само за Албанија туку за целиот регион.

Jonsko-jadranski-gasovod-mapa

Предложениот Јонско-јадрански гасовод, ќе биде долг 516 километри, и ќе пренесува азербејџански гас низ југоисточна Европа. Тој исто така би бил поврзан и со Трансјадранскиот гасовод (TAP – Trans Adriatic Pipeline). Планирано е гасоводот да биде во екплоатација од 2020 година.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …