четврток , 19 октомври 2017
доналд-лу

Албанија e управувана од четири криминални групи

Американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, го обвини раководството на Албанија за директна замешаност во криминални дејствувања. Американскиот амбасадор Лу на прославата на 2о-годишнината на студиите по магистратура во Тирана, според весникот ,,Мапо“ изјавил дека ,,Албанија е управувана од страна на четири крминални групи“.

Тој ја изнесе оценката дека во земјата има голем криминал, а власта не се пресметува со бандите и покрај тоа што тие се познати. САД бара брза пресметка со криминалните банди во Албанија, рекол амбасадорот Лу. Американскиот дипломат Лу, кој одлично го зборува албанскиот јазик, говореше за четири организирани банди предводени од Емилијо Шулази, Лул Бериша, Клемент Балили, кого го бараат САД, и бандата од Драч. Тие дивеат во земјата, вршат тровија со дрога, оружје, проституција и други нелегални активности.

Весникот ,,Рилиндја демократике“ пишува дека САД на премиерот Еди Рама му дале рок од четири месеци да се пресмета со наведените банди. 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …