вторник , 24 октомври 2017
tirana-01-685x320

Албанија последна во регионот по прибирање на приходите

tirana-01-685x320Албанија е на последното место по прибирање на приходите во однос на БДП.

Ова е содржано во последниот извештај на Европската комисија за економските перформанси на Балканот.

Во извештајот стои дека високото ниво на даночно затајување и сивата економија, како и ниските приходи на даноци и царини, се главните причини зошто администрацијата не успева да ги собере приходите.

За оваа година, нивото на реализација на приходите во Албанија изнесува 27,8 отсто од БДП. Реализацијата на приходи, се очекува да се задржи на истото ниво и следната година, со скромно подобрување во 2017 година на 27,9 отсто.

Споредено со Албанија, како што наведува весникот „Шекули“ во другите земји од регионот приходите се речиси двапати повисоки споредено со БДП. Приходите во Македонија се 31,6 отсто од БДП, во Црна Гора 42,9 отсто, Србија 40 отсто, Босна и Херцеговина 28,9 отсто, додека во Ково 26,8 проценти.

Во државниот буџет во месец јули се слеале помалку пари од планираните, за дури 2,5 милијарди леки. Податоците под Министертвото за финасии потврдуваат дека даноците и царината продолжуваат со големиот процент на неостварена реализација.

Значителен пад на приходите има и по основ на ДДВ. Во периодот јануари-јули реализирани се 11,2 милијарди леки помалку од проектираните за овој период.

Даночната администрација прибрала 162,8 милијарди леки помалку од планираните, додека царината во буџетот донесла 128,5 милиони леки помалку од планираните. Помалку средства од планираните се прибрани и по основ на акцизи, национални даноци, како и данок на приходи.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …