сабота , 23 септември 2017
albin kurti

Албин Курти ослободен по судирот на неговите приврзаници со полиција

albin kurti
Пратеникот и поранешен лидер на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, кој вчеравечер беше уапсен, по само неколку часа е пуштен на слобода од полициската станица во Приштина, јавија приштинските медиуми.

На неговото ослободување му претходеа судири на приврзаниците на „Самоопределување“ со полицијата во кои има и повредени.

Додека активистите на „Самоопределување“ сметаат дека нивното движење придонело за ослободувањето на Курти и тоа го нарекуваат „победа“, извори на Коха.нет наведуваат дека тој од притвор е пуштен во редовна процедура.

Пред театарот во Приштина Курти им се обрати до приврзаниците, на кои им порача дека „Самоопределување“ ќе продолжи со борбата за своите цели, меѓу кои е и противењето за формирање на Заедница на српските општини.

Тој кажа дека  е уапсен во Чаглавица и дека полицајците не му покажале налог за апсење, додавајќи дека тоа покажува дека полицијата станала „политичка“.

Портпаролот на полицијата, Баки Келани, рече дека полицијата испукала солзавец за да ги растера насобраните, бидејќи во судирите се повредени тројца демонстранти и седуммина полицајци, пренесуваат француските медиуми.

Келани претходно изјави дека Курти бил уапсен врз основа на налог издаден од надлежен обвинител и одведен на испитување, пренесе коха.нет.

Пратеникот на „Самоопределување“, Глаук Коњуфца, кој беше уапсен заедно со Курти на враќање од Скопје, веднаш бил пуштен на слобода.

Веднаш по апсењето на Курти, движењето „Самоопределување“ ги повика своите активисти и симпатизери да се соберат кај полициската станица и да протестираат за апсењата.

Тие врз полицијата фрлија камења, а им беше возвратено со солзавец. Во судирите се повредени неколку полицајци и активисти, и запалени се неколку возила, пренесува  „Газета експрес“.

Судирите, со помал интензитет, се прошириле и на други делови на Приштина, каде камења биле фрлани врз канцелариите на Демократската партија на Косово.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …