среда , 20 септември 2017
za cista

Александар Димитриевски со најдобра истражувачка сторија во 2016 година

Александар Димитриевски е добитник на првата награда за истражувачко новинарство во 2016 година што ја доделува Европската унија.

Димитриевски е награден за истражувањето за субвенциите за растителното и сточарското производство, објавено на интернет-страницата „Призма“.

Второнаграден е Зоран Јовановски за сторијата „Пеплиште на смртта“, емитувана на „360 степени“ на Алсат телевизија, додека најдобра истражувачка сторија од млад новинар е „Бугарски пасош за чиста Македонија“ на Славица Филиповска, исто така емитувана во рамки на „360 степени“ на Алсат.

Наградите на новинарите им беа доделени денеска во ЕУ-Инфоцентарот од страна на Македонскиот институт за медиуми и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој во оваа прилика напомена дека новинарството, освен што е многу одговорна професија, е и многу ризична.

– Да се биде истражувачки новинар денес е многу стресно, тешко и опасно. Често новинарите подлежат на физички и психички закани, на клевети, а не ретко добиваат и мали плати. Тие се коректив на општеството, придонесуваат за заштита на демократијата и владеењето на правото, како и во разоткривањето на корупцијата и организираниот криминал што е можеби најтешкиот дел, подвлече Жбогар.

На конкурсот „Награда од ЕУ за истражувачко новинарство“ за 2016 година биле пријавени 26 автори со вкупно 32 стории. Како што истакна претседателката на жирито Марина Тунева, поголемиот дел од нив биле исклучително квалитетни, релевантни и имале големо влијание врз јавноста. Поради тоа се наградени три стории или максимум колку што дозволува конкурсот.

Вкупниот фонд на наградите е 10.000 евра, од кои 4.000 му се доделуваат на првонаградениот, а по 3.000 добиваат втората награда за најдобра истражувачка сторија и најдобрата истражувачка сторија од млад новинар.

Наградата од ЕУ за истражувачко новинарство е востановена во 2015 година и има за цел да го подигне нивото и да го подобри квалитетот на струката.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …