среда , 20 септември 2017
диневски

Александар Диневски: Збогум Никола! (последен пат)

Жалосно е ова што се случи со мојата некогашна партија ВМРО ДПМНЕ. Како човек кој повеќе од една деценија вложи во нејзината изградба, кој свесно ја жртвуваше својата професионална кариера за идеалите на ВМРО, кој трпеше и сеуште трпи тешки последици заради сопственото уверување, не ми е драго што партијата падна толку ниско до степен на самоуништување. Не, не е трагиката во тоа што ВМРО ДПМНЕ ја изгуби власта и заминува во опозиција. Тоа и порано се случувало. Проблемот е многу поголем и подлабок.
Ја градевме како патриотска, револуционерна, демократска и слободарска партија верна на историските идеали на ВМРО и чувар на макеодонското национално единство и национални интереси и ни на сон не помислувавме дека еден ден ќе мутира во еден ваков политички монструм – Франкештајн со антимакедонска, квислишка, криминална и злосторничка ориентација! Сите објективни и непристрасни анализи ќе го покажат тоа. Оставштината што сега ни ја остава ВМРО ДПМНЕ е страшна и болна. Зад неа останува една тажна Македонија, опљачкана и осиромашена, разнебитена, поделена, изгубена…

ВМРО ДПМНЕ во своето име (NOMEN EST OMEN!) содржи три битни одредници: идеалите на ВМРО, демократија и македонско национално единство! Тоа се тие три клучни фактори што на партијата и даваа моќ да биде движечка сила со која привлече огромен дел од македонските граѓани. Дури и оние што не станаа нејзини членови се восхитуваа на посветеноста во борбата за силна, демократска и слободна македонска држава. Со сите падови, лутања и грешки партијата цврсто опстојуваше на тие определби се’ до појавата на новото (сегашно) раководство.
И така…

Наместо партија со јасна идеолошка основа ДПМНЕ се траснформира во мафијашка, злосторничка, криминална и антимакедонска партија. Идеолошката основа е срушена до темел, а партијата стана заложник на сомнабулните лични интереси на нејзиниот фрустриран и искомплексиран лидер и „фамилијата“. Последиците од тоа се трагични и страотни во сите сегменти на државата. Ниту еден окупатор не нанесол толку зла како сегашната раководна гарнитура на партијата која десет години управуваше со земјата. Наместо национално единство предизвика страшни поделби меѓу граѓаните кои долго нема да бидат залечени, наместо правна држава имаме држава со целосно приватизирани државни и судски институции, наместо правда имаме неправди на секој чекор, демократијата ја заменија со сурова диктатура, наместо економски напредок имаме бакнкротирана, опљачкана, презадолжена и осиромашена (до коска!) држава, слободата ја раскрвавија со невини жртви и брутални репресии против неистомислениците и слободните со дух, вистината ја погребаа со лагата…

Сега, кога е повеќе од очигледно дека е дојден крајот на ваквото антимакедонско (квислиншко) владеење на мафијашката гарнитура на ВМРО ДПМНЕ, дојден е вистинскиот момент за отрезнување на нејзините членови, соочување со вистината (колку таа да е болна и непријатна) и самопрочистување. Нека не ја барат вината во платформи, Сорос, Заев, „клетите Шиптари“, странски служби… Не, кабаетот е сепак таму внатре. Злото за партијата и за државата има само едно име: Никола Груевски! Колку порано се соочат со тоа толку побргу ќе го најдат решението за спас и на партијата и за доброто на државата!

Збогум Никола!

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …