среда , 18 октомври 2017
alijansa

Алијансата за позитивна Македонија ќе поддржи градоначалници на СДСМ

Извршниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија на проширената седница што ја одржа со претседателите на општинските организации  реши да даде целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ на претстојните локални избори.

„Алијансата за позитивна Македонија дава максимален придонес кон составувањето квалитетни листи на коалицијата за кандидати за советници на советите на општините. Кандидатите што ги нуди Алијансата за позитивна Македонија се со силен човечки, морален и политички капацитет да ги застапуваат либерал-демократските вредности и интереси на сите граѓаните во советите на општините, со што претставуваат додадена  вредност и богатство на политичкиот плурализам на Македонија“, стои во соопштението на оваа партија.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.