понеделник , 25 септември 2017
amerikanska-ambasada-sk-540x320

Амбасада на САД: Има напредок, разговорите продолжуваат

amerikanska-ambasada-sk-540x320Амбасадата на САД во Република Македонија во денешното соопштение посочува дека синоќа е постигнат напредок за прашањата поврзани со изборите, а работната група за спроведување на договорот од Пржино продолжуваат и денеска.

– Партиите се договорија прашањето за предложеното инкриминирање на објавување на нелегално стекнати информации да го покренат во Работната група, да разгледаат такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените свиркачи, и овие прашања да ги решат пред 20 октомври, стои во соопштението.

Овие закони, се наведува во соопштението од американската амбасада во Скопје, отвараат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, при што сите заедно треба да бидат адресирани во склад со меѓународните обврски на Македонија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …