вторник , 26 септември 2017
amerikanska-ambasada-sk-540x320

Амбасада на САД: Разочарани сме што партиите го пробија рокот

amerikanska-ambasada-sk-540x320
Американската амбасада во Скопје изрази разочараност што партиите не го почитуваа рокот до 20-ти октомври кога требаше да бидат назначени министрите на предлог на СДСМ.

Во реакцијата се наведува дека Амбасадата ја охрабрува Владата да продолжи и во брзо време да ги имплементира сериозните реформи за да се утврди независноста на институциите кои ќе ја одредат одговорноста за нелегалното прислушување и ќе ги истражат обвиненијата кои произлегуваат од нив.

Воедно ги охрабрува лидерите во Македонија да се надоврзат на прогресот кој веќе го постигнале, кој велат, претставува најдобар патоказ за излез од кризата и кој е гаранција за демократски избори во април следната година.

„Партиите пропуштија клучен рок за да се договорат сериозни прашања поврзани со развивање на Владата, заштита на “свиркачите“, и заштита на приватноста. Се надеваме дека со продолжувањето на работата на работните групи, сите страни ќе ги стават интересите на граѓаните на прво место“, стои во пораката на Амбасадата на САД.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …