недела , 20 август 2017
ambasada-na-sad

Амбасада на САД: Се согласуваме со ставовите на Столтенберг и на Хан за формирањето влада

Амбасадата на САД во Скопје порача дека партиите треба да ги почитуваат демократските процеси и институции.

„Се согласуваме со ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, за формирањето влада. Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба – да се спроведат клучните реформи. Само на тој начин Македонија ќе напреднува во своите стратешки цели за членство во НАТО и во Европската Унија, нешто што САД одамна го поддржуваат. Тоа е во согласност со нашите претходни изјави и со изјавата на амбасадорот (Џес) Бејли дадена во интервјуто на „Сител“ на 18 февруари“, велат од Амбасадата на САД на прашање на „Мета“, како ги коментираат изјавите на Столтенберг и на Хан.

Столтенберг вчера изјави дека очекува да се додели мандатот за формирање влада и ги повика сите страни на воздржаност во изјавите и во дејствата и да донесуваат одлуки во корист на граѓаните.

Со сличен став излезе и еврокомесарот Хан. Тој рече дека очекува претседателот да го даде мандатот за формирање нова влада и додаде дека промените во демократските општества се природни и треба да бидат прифатени, кога се резултат на веродостојни избори.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …