петок , 22 септември 2017
ambasada

Амбасадата на САД е загрижена поради одлуката на Советот на јавни обвинители

amerikanska-ambasada-sk-540x320
По вчерашната одлука на Советот на јавни обвинители од предложените 14 членови на тимот на специјалниот обвинител, Катица Јанева, избра само седум, со реакција се јави амбасадата на САД во Скопје.

Еве што стои во соопштението:

„Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата, пишува во реакцијата на амбасадата на САД во Скопје по одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници-обвинители“.

Амбасадата на САД и делегацијата на ЕУ, пред состанокот на Советот на јавни обвинители, излегоа со заедничка изјава, во која стои дека од суштинска важност е Советот да ја изврши својата улога согласно законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на г-ѓа Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи каков било облик на политички притисок.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …