вторник , 26 септември 2017
bejli-673x320

Амбасадорот Бејли загрижен: Не може други да носат одлуки за македонските лидери

bejli-673x320
Џес Бејли, амбасадорот на САД во Македонија, на својот твитер профил изрази загриженост поради неможноста на политичките лидери да постигнат договор заа спроведувањето на договорот од Пржино.

„Длабоко сум загрижен поради неможноста на лидерите да постигнат договор. Договорот од Пржино е начин за да се обезбеди одговорност и да се подобрат условите за слободни и фер избори и да и се стави крај на политичката криза. Потребна е политичка волја за справување со преостанатите прашања“напиша Бејли на својот твитер профил.

Тој ги повика политичките лидери да покажат лидерство.

„Не може други да носат одлуки за македонските лидери“, напиша амбасадорот на САД.

Истата порака, по пропаѓањето на преговорите ја искажа и еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …