понеделник , 25 септември 2017
marihuana-1-540x320

Американските банки се уште имаат недоверба кон бизнисот со марихуана

marihuana-1-540x320ДПА – Хамбург

Колорадо и уште неколку американски држави ја легализираа марихуаната за рекреативна употреба, а уште неколку други ја дозволуваат нејзината продажба за медицински цели. Но, финаисиските институции остануваат затворени за претприемачите кои го претвориле овој сектор во легитимен бизнис вреден милијарди долари, заради трнливиот конфликт меѓу државните и федералните закони.

Оние кои не знаат што има во витрините на Медисин мен, лесно би можеле да го помешаат овој синџир продавници со аптеките каде се продаваат сирупи за кашлица и аспирини.

Во западната американска држава Колорадо, зелениот крст кој виси над излозите на продавницата има поинакво значење.

Скриен меѓу ресторани за брза храна во задниот дел од трговскиот плоштад во денверското преградие Аурора, продавницата продава марихуана без рецепти.

Наместо бургери и млечни шејкови кои се сервираат во соседните ресторани, на менито тука има избор од повеќе видови канабис – сите легални во државата од јануари 2014, по рефередумот од 2012 година. Денес Колорадо го носи прекарот „најподигнатата држава“ (highest state), и тоа не само саради Скалестите планини.

Индустријата на легална марихуана во САД процветува. Само во Денвер сега има повеќе продавници за марихуана отколку кафетерии Старбакс. Давесет и три американски држави делумно или целосно ја легализираа марихуаната, иако повеќето ја ограничија нејзината употреба на медицински цели. Во моментов пазарот се проценува на неколку милијарди долари.

Но додека бизнисот се развива добро, тој се сретнува со големи финансиски проблеми. Во случајот не станува збор дека има многу малку пари, туку всушност треба да се има многу пари. Во бизиисот со марихуаната, доларските сметки буквално се натрупуваат.

Продавниците за марихуана бараат кон нив да се однесуваат како и кон секои други мали нови бизниси, и сакаат да си отворат сметки за бизнис банкарство и да имаат достап до кредитни линии и банкарски трансакции, како и да управуваат со плаќањето со кредитни картички. Само што банките држат дистанца донекаде заради стравот од обвиненија за перење наркопари.

За разлика од државните закони во Колорадо, федералното законодавство кое ја класифицира марихуаната како нелегален наркотик, не се сменило. Сенатската комисија во јуни заклучи дека банките можат да даваат финансиски услуги на индустријата со марихуана. Но тоа брзо удри во карпа. Локалниот клон на Управата со федерални резерви (УФР) на САД во Канзас сити, одби да издаде таканречена мастер сметка, а на тој начин и забрана за употребата на платежниот систем на УФР – основниот иснтрумент за банкарски услуги.

Фоурт корнер кредит јунион не го прима „не“ како одговор. Веднаш поведе случај против УФР и Националната управа на кредитни сојузи (НУКС), орган кој одговара за лиценцирањето на кредитните сојузи на федерално ниво.

Една од целите на легализацијата беше да ги пренасочи приходите од трговијата со наркотици од криминални претпријатија кон чесни претприемачи, кои ја полнат државната каса со непредвидени даноци.

– Колку повеќе средства можеме да канализираме од незаконските дејности кон легитимни сфери, како финансирање на училишта и даночни приходи за државите, толку повеќе можеме да придонесеме за позитивната промена во нашите општини, потенцира во изјава Марк Мејсон, правник и коосновач на Фоурт корнер кредит јунион.

Но според федералните регулатори, опслужување на индустрија која се уште не ја докажала својата оправданост на долг рок, и продложува да е нелегална на фередално ниво, и тоа крие многу големи ризици.

Во краен случај, федералната влада ги држи картите во свои раце. На Фоурт корнер кредит јунион треба да и биде дозволен влез во системот на Федерални резерви, за да си осигури гаранција за вложувањата.

Така што додека интересите на одделни држави како Колорадо, за кои легализирањето значи заработувачка од даночни приходи и од туризам, не се совпаднат со интересите на федералната влада, ситуацијата останува заплеткана, а иднината на Фоурт корнер кредит јунион несигурна.

Тоа за легалните продавачи на марихуана, како Медисин мен во Аурора, значи дека засега нивниот секојдневен бизнис – од плаќање на вработени и доставувачи до продажба на џоинти – треба да се извршува на старомоден начин – со број.

Но проблемите излегуваат вон пределите на логистиката и отчетноста, и се појавува опасност од рекет, вклучувајќи и за продавачите на марихуана на кои сега им се наметнува да трошат многу за својата безбедност.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …