понеделник , 21 август 2017
ana daneva

Ана Павловска Данева: „Груевски во опозиција“ нема да ја наруши безбедноста

Али Ахмети е спремен да направи отстапки за заедничката платформа на албанските партии, но прашањето кое ми се чини поважно во моментов е дали Ахмети е спремен воопшто да влезе во коалиција со СДСМ и дали сите овие малтретирања на јавноста (пишани документи, маратонски партиски координации, одлуки за неодлучување, итн.) се во функција на подобрување на позициите на Ахмети или во функција на водење на процесот кон ќорсокак, а со тоа и кон нови парламентарни избори, вели во интервју за Стандард.мк, Ана Павловска Данева, професор на Правниот факултет и поранешен потпретседател на СДСМ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека во Македонија може да се случи „белгиско сценарио“ – ситуација во која земјата две години немаше влада. Сметате ли дека вакво сценарио е изводливо и како би се одразило на ситуацијата во државата?

-Белгиско сценарио во принцип е можно во држави во кои реалтивно добро и ефикасно функционират институциите на системот. Тоа подразбира разработени демократски механизми, високо ниво на политичка култура и јасно определени „магистрали“ по кои се движи државата. Секако, тоа претпоставува и функционален парламент со пратеници одговорни за својата работа пред граѓаните, пред гласачкото тело, пред оние кои им ја делегирале моќта на одлучување. Република Македонија за жал не исполнува ниту еден од овие услови. Чинам дека позицијата на Ахмети во однос на т.н. „белгиско сценарио“ е само еден меѓу-чекор за купување време во насока на исчекување да се крене политичката магла.

Груевски во последното интервју рече дека е спремен да оди во опозиција доколку СДСМ ја прифати платформата на Албаниците. Можен ли е ваков исход на преговорите за формирање на влада?

-Се разбира дека е можен, и секако за мене е посакувана варијанта Груевски да оди во опозиција. Притоа, јас не мислам дека фамата што се крева околу „Груевски во опозиција“ е нешто што може да ја наруши безбедноста или дополнителен распад на институциите. Сепак, еднакво важно е за јавноста и за СДСМ да се утврди што точно се преговара во врска со платформата, кои се точните позиции на СДСМ. Во вакви деликатни времиња не е доволно главниот императив да биде само формирање на влада по секоја цена, туку и каков капацитет ќе има таа влада за спроведување на тешките реформи кои ни претстојат, колкав ќе биде нејзиниот век на траење и секако каква ќе биде Република Македонија после 5, 10 или 20 години. Тоа подразбира сериозен мисловен процес, голема политичка мудрост и впрегнување на сите расположливи капацитети во општеството.

Целосното интервју на Павловска Данева за Стандард.мк прочитајте го ТУКА.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …