вторник , 26 септември 2017
konvertibilnimarki-540x320

Анализа: Една работа работиш, две плати добиваш

konvertibilnimarki-540x320
Според постоечкиот Закон за Врховниот судски совет во БиХ, за четири раководни позиции во оваа институција постои можност да работиш една работа, но да добиваш две плати, покажа анализата на БИРН во БиХ.

Како што се наведува во анализата на БИРН, на една од тие позиции Милорад Новковиќ бил осум години. За член на Врховниот судски совет ВСТВ Новковиќ бил именуван кон средина на 2006 година.

– По две години тој станал претседател на таа институција и од тогаш не доаѓал на своето работно место во Окружниот суд во Бања Лука, но редовно примал плата. Тие две институции од средината на 2006 до средината на 2014 година на Новковиќ му исплатиле најмалку 490.000 конвертибилни марки КМ – наведоа од БИРН.

Користејќи за истата законска можност, Зијад Кадриќ како член на ВСТВ на полно работно време, во изминатите шест години имал примања најмалку 360.000 КМ.

Освен оваа законска поволност, во ВСТВ добро се заработува и на дневници, на што ревизорите со години предупредуваат.

Така на Кадриќ на име дневници вкупно му биле исплатени 53.000 КМ, од кои само во 2012 година добил околу 17.000 КМ.

– Дневниците и останатите трошоци за патување треба да претставуваат надомест на тие трошоци за вршење на доверените задачи, а не за вршење на должности со закон утврдени – е критика од Кабинетот за ревизија на БиХ, упатена до ВСТВ.

ВСТВ е основан во почетокот на јуни во 2004 година, со задача да обезбеди независно и професионално судство во БиХ, да именува судии и обвинители и да ја следи нивната работа. ВСТВ се финансира од буџетот и меѓународни донации.

Советот на министри во БиХ во 2010 година донесе одлука со која се зголемуваат платите на членовите на ВСТВ. Така претседателот прима месечен паушал од 1.300 КМ, додека на потпретседателите и на еден член, кои работат полно работно време, се исплатува по 1.000 КМ. Останатите членови на Советот добиваат од 200 до 250 КМ по ден.

– Новковиќ, кој бил претседател на ВСТВ, истовремено бил и претседател на Окружниот суд во Бања Лука. На име плата од јуни 2008 година до јули минатата година му биле исплатени околу 320.000 марки – се наведува во анализата.

Новковиќ кажал дека не доаѓал на работа во Окружниот суд во Бања Лука додека за време на 8 годишниот мандат ја вршел функцијата претседател на ВСТВ.

За работа во ВСТВ му биле исплатени 164.500 марки, а по истекот на мандатот се вратил на позицијата претседател на Окружниот суд во Бања Лука.

Според важечкиот закон, постои право на отсуство од службената функција, за да се врши должност во ВСТВ.

За разлика од Новковиќ, Обрен Бужанин не е ангажиран во ВСТВ на полно работно време, но според платата е на врвот на листата.

– Во последните осум години од ВСТВ и Врховниот суд на Република Српска добил околу 590.000 марки. Бужанин станал член на ВСТВ во 2007 година, а до денес таа институција му исплатила околу 148.000 марки – наведуваат од БИРН.

Како што се наведува понатаму, тој не прима месечен паушал, но од ВСТВ меѓу другото, зараборува присуствувајќи на седници и од членство во четири од вкупно седум постојани комисии.

Тој истовремено врши позиција на судија и претседател на Кривичното одделение во Врховниот суд во РС.

– По основ за примање на таа позиција, за осум години колку што е член на ВСТВ, исплатени му се околу 442.000 марки. Освен паушалите, членови на ВСТВ, од нив вкупно 39 кои добивале надомест, примиле околу 300.000 марки на име дневници.

На врвот на листата се наоѓаат Новковиќ и Кадриќ – се наведува во анализата на БИРН.

Државните ревизори повеќе пати го критикуваа ВСТВ по прашањето на дневниците и патните трошоци, утврдувајќи дека во 2012 година исплатувале дневници од 50 марки, иако Советот на министри претходно одлучи дека тој износ треба да биде дупло помал.

Кон крајот на 2012 година почнаа да ја применуваат одлуката на Советот на министри, која ја регулира висината на дневниците.

– Кадриќ е член на ВСТВ последните шест години и му се исплатени 132.238 марки врз основ на месечен паушал, дневници и надомести. Кога на тој износ ќе се додаде платата која истовремено ја прима од Апелациониот суд во Дистрикт Брчко, од март 2009 година, кога е именуван во ВСТВ, па до денес вкупно добил 360.000 марки – се наведува.

Во ВТСВ Кардиќ е ангажиран на полно работно време. Во Правосудната комисија на Дистрикт Брчко рекоа дека тој има право на отсуство од позицијата судија на Апелациониот суд на Дистрикт Брчко. Мандатот во ВСТВ му истекува за две години и потоа треба да ја продолжи работата како судија во Брчко, јавува БИРН.

Фена – Сараево

 

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …