вторник , 24 октомври 2017
ucilnica

АНАЛИЗА: Многу учење а малку знаење – од каде да почнат промените во образованието?

Во оваа училишна 2017/2018 година, бројките за новозапишани основци не невестуваа оптмизам. Годинава се запишани најмал бројот на првачиња во споредба со изминатите пет години. Дел од експертите велат дека овие показатели се загрижувачки и упатуваат на сериозни проблеми поврзани со наталитетот, иселувањето и општата економско-политичка состојба во земјава, пишува новата анализа на Portalb.mk. Во меѓувреме, новата објавена анализа на Finance think ги лоцира проблемите и приоритетите во основното образвание, во кое се намалува бројот на ученици.

Се намалува бројот на ученици – зошто ?

Намалувањето на бројот на ученици запишани во прво одделение среднорочно, значајно ја менува и состојбата и структурата во целото основно образование, оценуваат аналитичарите откако надлежните институции објавија дека годинава во прво одделение се запишани близу 20 500 деца.

“Со години е познато дека тој број на ученици во прво одделение е намален а секако треба да се знае дека тоа има влијание врз вкупниот број на ученици во основното образование. Следејќи и анализирајки ги официјалните податоци за бројот на ученици во основното образование а особено  бројот на ученици во прво одделение, можам да констатирам дека нивниот број постојано се намалувал во серија. Ако се говори каков бил бројот на ученици во учебната 2008/2009 година во прво одделение, треба да знаеме дека тој  изнесувал 23 103 ученици. На почетокот на оваа нова учебна година 2017/2018 година се запишина околу 20 437 или разликата од наведениот период, покажува дека оваа година има 2 666 помалку ученици во прво одделение. Во учебната 2016/2017 година бројот на ученици во прво одделение изнесувал 23 266 што претставува зголемување од 1519 ученици во однос на учебната 2015/2016 година, но овој тренд бара пошироко образложение и за науката и за јавноста. Сепак и на тој податок состојбата е доста поразителна односно во учебаната 2017/2018 во однос на 2016/2017 година, бројот на ученици во прво одделение е намален дури за 2 829” – вели статистичарот Дончо Герсимовски.

Намалување на бројот на основци не е наивен тренд, напротив, тој упатува на други проблеми во општеството, особено на наталитетот, велат експертите. Така, живородените деца  пред шест години сега треба да бидат ученици во прво одделение во основно училиште. Но, она што го имаме како првичен резултат не е тоа – коментираат експерите.

 “Пред шест години или во 2011 година биле живородени 22770 деца. Ако таа бројка на деца ја споредиме со бројката на денешните првооделенци ќе добиеме негативна слика. Разликата на споредбата е голема и таа изнесува 2333 деца. Впрочем, толку деца недостасуваат денеска во прво одделение. Сега уште едно поактуелно прашање, каде се тие деца? Згора на сето тоа да не говорам дека со Закон, основното образование е задожително. Причините се сосема јасни а тоа е намален наталитет, намален природен прираст на населението, недоволно званични податоци за иселувањето на населението од земјав а поготово на младото население. Дека состојбите се карактеристични и за разправа за што не треба да се чека многу е тоа што и покрај донесените стратегии, закони, програми, планови, дадените и потрошени финансиски средства во изминативе десет години, резултатите се поразителни или такаречено негативни” – вели Герасимовски, еден од поранешните директори на Заводот за статистика.

Квалитет на образование …

И додека статистика бележи квантитативно негативно промени, аналитиката под лупа го стави кавлитетот на основното образование. Во објавената анлиза на институтот Finance think, се посочија слабостите и недостатоците во образовниот процес, но и серија на прпораки до надлежните институции.

Така, анализата ” Од бројки кон практика – идентификување и анализа на индикаторите што влијаат на квалитетот на наставниот процес во основното образование во Македонија” обелоденува меѓудругото дека мега проектот “Компјутер за секое дете” не дал очекуваните резултати.

“Од одговорите на наставниците се добива впечаток дека најголем дел од нив (80 проценти) употребуваат ИКТ најмалку еднаш во седмицата. Сепак, фреквенцијата на примена на ИКТ не е поврзана со задоволството од техничката опременост на училиштето. Според тоа, имајќи предвид дека повеќе од една половина од наставниците (62,5 проценти) се само делумно задоволни од техничката опременост на нивните училишта, додека 15,7 проценти воопшто не се задоволни од неа, се отвора дилемата како ја изведуваат предвидената една третина од часовите со употреба на ИКТ” – се наведува во новото објавено истражување.

Клучно сознае од спреведените анкети во оваа анализа е дека ученикот во основното образование во Македонија е со далеку послаби компетенции, способност за знаење во однос на европскиот просек.

“Анализата укажува дека кај македонските ученици во многу мал процент се развиени трите нивоа на компетенции и знаење што ги мери тестирањето на ПИСА, и се значително под меѓународниот просек. Конкретно, еден од четири ученици во Македонија има компетенции што се неопходни за разбирање, спроведување и за проценување научно истражување. Овој податок укажува на тоа дека образовниот систем недоволно ги развива критичното мислење и научниот пристап во разгледување на информациите од страна на учениците. Учениците не ги перцепираат наставните содржини како соодветно поврзани со секојдневниот живот и применливи” – посочуваат истражувачите.

Болна точка за оновното образование останува и квалитетот на учебниците од кои учат учениците. Министерството за образование најави дека ќе се преиспита Кембриџ програмата, а како познајачно растеретување во образовниот процес беше посочено укинувањето на екстерното тестирање.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …