вторник , 26 септември 2017
Real Madrid manager Carlo Ancelotti wants more goals from Cristiano Ronaldo - video

Анчелоти: Сонувам да се вратам во Премиер лигата

Real Madrid manager Carlo Ancelotti wants more goals from Cristiano Ronaldo - video
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти изјави дека пред завршувањето на неговата кариера сака уште еднаш да се испроба во Премиер лигата.

Тој во сезоната 2009/2010 го предводеше Челзи и со клубот од „Стемфорд Бриџ“ ги освои титулите во Англија и во ФА Купот.

– Сонувам повторно да работам во Премиер лигата. Тоа е место за работа во фудбалот со вистински притисок. Сакаме да бидам менаџер, но морам да размислувам за времето кога ќе кажам дека е крај, истакнува Анчелоти во интервјуто за „Кориеро дело Спорт“.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, додаде дека во јануари ќе почне да размислува за новиот клуб.

– Кога ја водев Реџина, си реков дека ќе се повлечам по пет години. Тоа беше пред 25 години, и јас сум уште се занимавам со оваа работа. Сигурно ќе одмарам до крајот на годината. Не знам што ќе следи потоа. Ќе размислувам за понудите кога ќе дојде време за тоа, порача Анчелоти.

56-годишниот фудбалски стручњак пред Реал Мадрид беше тренер на Пари Сен Жермен, Челзи, Милан, Јувентус, Парма и Реџина.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …