вторник , 26 септември 2017
received_10209926652022446

Ане, златна, екстерното те фати, или ти го “фати” ?

Денеска на фан страницата на ФБ од Ане Лашкоска или да потенцирам пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ осамна еден пост во кој што шеснаесеткракото знаме на „Кутлеш“, иначе симбол на древната Македонија, според нејзе и нејзиното познавање на македонската историја го делкарира како сонцето од „Вергина“, што е и грчка пропаганда.

За сите што немаат познавање од историја еве едно мало појаснување:

Кутлеш (грчки: Βεργίνα, Вергина) — градче во Егејска Македонија, по долното течение на река Бистрица, околу 80 км југозападно од Солун, во областа Централна Македонија, Грција. Денес местото има 1.246 жители и е изградено на подрачјето на древно македонската престолнина Ајга. Денешниот грчки назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на митрополитот од Бер според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од локалното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села – Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 семејства, властите оформиле една населба во која сместиле 131 семејство со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на месното делумно протерано македонско православно и целосно прогонетото муслиманско, како и турско и друго население.
Во 1977 година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски, а гробницата денес е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како „Македонско сонце“ или ѕвездата од „Кутлеш“. Овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …