среда , 18 октомври 2017
Снежана Ангелковска Трајковска

Ангелковска Трајковска: Господине Митровски, првземете нешто додека не настрадал некој учесник во сообраќајот

Konji Gjorce
Во Општина Ѓорче Петров врие од напуштени коњи кои се движат неконтролирано по улиците .Господине Митровски, првземете нешто додека не настрадал некој учесник во сообраќајот, додека не настрадало некое дете.Ваша обврска е да побарате од надлежните служби во Град Скопје да дојдат и да стават крај на овој проблем.Побарајте од градските власти да излезат на терен, да ги згрижат овие благородни животни и не дозволувајте да станат храна за крволочни кучиња.

Konji Gjorce `

Да ве потсетам,советничката група на СДСМ и коалицијата, на 40-та седница која се одржа на 25.08.2015 година, постави советничко прашање и побара итно решавање на овој проблем.Во прилог на советничкото прашање, еве неколку фотографии направени денес на само сто метри од вашиот дом.

ФБ Статус на Снежана Ангелковска Трајковска ( Координатор на советничка група на СДСМ )

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.