среда , 28 јуни 2017
elem-makedonija

Анѓушев уште еднаш ги повика ЕЛЕМ да го сопрат објавувањето јавни повици

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, уште еднаш го повика раководството на АД ЕЛЕМ, веднаш да го запре објавувањето на јавните повици со проценета вредност од 80 милиони евра, за да се избегне штета на државниот и на буџетот на компанијата.

„Наспроти укажувањето од Владата, раководството на ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик за набавка на рударска опрема за РЕК Битола во вредност од 34 милиони евра, за денеска да го објави и јавниот повик за изградба на топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и на Могила во вредност од 46 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот на Анѓушев.

Оттаму потсетуваат дека раководството на ЕЛЕМ имало 11 години да ги реализира овие проекти, а особено проектот за топлификација на Битола.

Вицепремиерот нагласи дека одредена штета е веќе направена со објавувањето на јавните повици, но според него, „крајно време е управниот одбор на компанијата да донесе одлука за мораториум на проектите за да не се направи поголема штета и да не се загрози имиџот на Македонија и во меѓународни рамки“.

Слични написи

nbrm-zgrada-s

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница, на која …