недела , 22 октомври 2017
antikorupciska

Антикорупциска: Ангажирањето на нови советници во кабинетот на Иванов е итно и неодложно

Во врска со барањето за мислење што претседателот Ѓорге Иванов го испрати до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за вработување на двајца советници во неговиот кабинет во изборен процес, претседателот на Комисијата, Игор Тантуровски, изјави дека треба дополнително да провери, но ако мислењето на антикорупционерите било позитивно, тогаш станувало збор за итни и неодложни работи кои се предвидени со член 8а од Изборниот законик.

Макфакс упати прашање до кабинетот на претседателот Иванов зошто е итно да се вработат советници за време на изборен процес, но сè уште немаме одговор.

Според огласот објавен на 28. август, во Кабинетот на Иванов се бараат двајца посебни советници, и тоа од областа на надворешната политика и од областа на одбраната и безбедноста.

И за едниот и за другиот се бара да имаат барем десет години искуство во законодавната, извршната и судската власт, да имаат искуство во невладини организации и да познаваат барем еден од трите најчесто користени светски јазици.

Во моментот Иванов има седум советници, сите од Македонија, меѓу кои еден за надворешна политика и еден за воени прашања.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …