недела , 22 октомври 2017
kafemat-ajfelova-600x320

Апарат за кафе во форма на Ајфеловата кула

kafemat-ajfelova-600x320

Неколку апарати за правење кафе се монументални во буквална смисла, како овие интригантни скулптури на Ајфеловата кула на јужнокорејската фирма „Dutch Lab“.

Иако изгледа комплексно, овој апарат работи на прост систем. Водата поминува низ горниот стаклен сад и низ меленото кафе пред да стигне во делот на дното.

Апаратот е трислоен во црна алуминиумска рамка инспириран од Ајфеловата кула. Ова уметничко дело треба да се истакне во кујната, наместо да се постави во некое зафрлено место. Процесот на ладно готвење кафе трае до 12 часа, но резултатот е исклучително мазен, богат вкус, соврешен за ладно кафе во текот на летото.

„Dutch Lab“ направи три верзии на дизајнот Ајфелова кула во различни големини, од 500 до 2.000 мл.

Втор нивен производ за правење кафе е во форма на Биг Бен, Емпајер стејт билдинг и слични монументални структури.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …