сабота , 21 октомври 2017
apple

Apple ќе го замени читачот за прсти во iPhone 8 со 3D систем за скенирање на лицето?

Од сите информации кои ги имаме за новиот iPhone 8 и од кои многу веќе ги потврдивме, како на пример тоа дека ќе има многу мала рамка околу дисплејот, јавноста сѐ уште не може да се договори за тоа дали овој модел ќе има Touch ID читач за отпечатоци или нема да има, нешто што може да наиде на големо одобрување (доколку е во дисплејот) или пак на огромни критики (доколку целосно го нема).

Според најновите информации од Bloomberg, iPhone 8 нема да има читач за отпечатоци на прстите, од едноставна причина што Apple нема каде да го стави. Да, веќе е достапна технологија за препознавање на отпечатоци вградена под дисплејот, но истата е побавна од актуелните скенери за отпечатоци и работи си многу повеќе грешки. Најверојатно, Apple работел на оваа технологија, но по увидените проблеми, се одлучил да ја изостави од веројатно најважниот iPhone досега.

Сигурно помисливте дека скенер би можел да се вгради и во задниот дел, но тоа би било голема разлика во однос на досегашните дизајни на iPhone, кои се центрирани околу напред поставеното Home копче.

Со цел и натаму да им понуди на корисниците одредена заштита при користење на нивниот смартфон, Apple развива технологија за препознавање на лицето. Поточно, тие ја усовршуваат оваа технологија со цел таа да може да го отклучи телефонот само неколку милисекунди откако ќе погледнете во него. И за разлика од некои конкурентни системи, овој најверојатно ќе користи две камери и ќе препознава 3D површини, што значи дека нема да може да биде излажан само со фотографија од корисникот, нешто што Samsung и Microsoft на пример пак го решаваат со скенирање на ирисот на окото.

Според Bloomberg, овој систем за заштита ќе биде посигурен од скенерот за отпечатоци, бидејќи ќе препознава повеќе точки одеднаш. Ова делува како премногу добро да биде вистинито и јас би сакал да го видам во пракса пред да искоментирам (може да испадне дека е и целосно погрешно и дека iPhone 8 ќе има читач за отпечатоци), но знаејќи ги Apple, лесно е да се претпостави дека нивното решение ќе биде скоро перфектно имплементирано.

Извор: BloombergMacRumors9 to 5 Mac

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …