среда , 18 октомври 2017
filip-vtori-makedonski-832823893289-696x421

Арената го трча последниот круг, Вардар и Работнички треба да ја спасуваат од колапс

Неочекувано високите цени за изнајмување на националната арена „Филип Втори”, особено за натпреварите на Вардар во Европа Лигата се заради лошата финанска кондиција на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во интерес на Република Македонија. Така барем соопштија од претпријатието што е задолжено да се грижи за нашиот најголем стадион.

Ова доаѓа по одлуката на Вардар и на Работнички да се преселат од стадионот и да ги играат своите мечеви од домашното првенство во Ѓорче Петров, односно во Маџари.

Од Акционерското друштво потенцираат дека новите цени биле донесени за да се спречи финансиски колапс на стадионот и најавуваат нова рунда преговори со двата најголеми скопски фудбалски клубови.

“Во интерес на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за сите страни кои се засегнати од новонастанатата состојба која произлезе со донесување на новиот ценовник за користење на Националната Арена Филип Втори, со кој стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката (скретен назив АДСДП) – Скопје, a кој беше донесен со цел да се спречи финансиски колапс на стадионот и да се обезбеди понатамошно нормално функционирање на истиот, Ве информираме дека во тек е организирање на заеднички работен состанок кој има за цел изнаоѓање на позитивно решение во нај кус можен рок” – се вели во соопштението од АДСДП.

Соопштението не им значи ништо на Вардар и на Работнички, кои не сакаат да плаќаат по 3 илјади евра во дневен термин за мечевите во домашното првенство, или 6 илјади евра во ноќен термин.

Патем, значи ли лошата финансиска кондиција на Арената, нов товар за двата скопски клуба и дека тие треба да ги плаќаат лошото менаџирање и одлуки на АДСДП.

Раководството на Вардар донесе одлука натпреварите да ги игра на стадионот „Борис Трајковски” во Маџари, а утре прв ривал е Ренова. Работнички  ќе биде домаќин на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …