вторник , 26 септември 2017
132857908-540x320

Арктичкиот „сеф за Судниот ден“ се отвoра за да се изнесат витални семиња за Сирија

132857908-540x320Си-Ен-Ен – Њујорк

Длабоко во планините во Артичкиот архипелаг се наоѓа Свалбард, глобалниот сеф за семиња. Познат како „сеф за Судниот ден“, оваа банка на семиња – со која оперира норвешката влада и каде се чуваат семиња од речиси сите познати житарки во светот – треба да биде поддршка за човештвото при катастрофи кои би ги уништиле посевите.

Но катастрофа не ги натера научниците да влезат длабоко и да изнесат важни примероци од сефот. Всушност, тоа беше единствената катастрофа која човек може и да ја спречи – војната.

Крвавиот конфликт во Сирија ги остави научниците во важната банка на гени во Алепо – каде со децении се развиваа нови клетки од житарки отпорни на суша и влага – во минативе неколку години да бидат спречени да продолжат со својата работа.

Сега кога нема знаци дека ситуацијата во Сирија ќе се смири, научниците почнуваат да ги обновуваат нивните загрозени количини семиња кои доаѓаа од Плодната Полумесечина (истражувачка локација) и од други места, семиња кои досега беа безбедно чувани под арктичкиот мраз.

Семињата се засадени на нови локации во Либан и Мароко, со што им се овозможува на научниците да продолжат со важните истражувања кои ги правеа со децении, далеку од бомбите-буриња во Алепо.

Важното складиште во Плодната Полумесечина

Банката на гени во Алепо, со која управуваше Центарот за земјоделски истражувања во сувите области, е една од најважните во светот и работи со повеќе од 135.000 видови житарки, мешунки, леќа и наут, а таму се наоѓа и најголемата колекција на јачмен во светот.

– Ова се плодови од земјата која ги наследивме од нашите прадедовци, а повеќето од овие видови повеќе ги нема, рече Махмуд Ел Сот, генерален директор на Икарда. „А токму тука е лулката на земјоделието од пред 10.000 години. Ова е дел од светот каде голем дел од житарките биле култивирани од диви“.

Претставникот на Икарда, Танос Цивеликас, кој го контролира извлекувањето на семињата од сефот, ја опишува операцијата како „спасувачка мисија, затоа што овие семиња не можат да бидат заменети“.

Центарот Икарда во Алепо испратила скоро 80 проценти од нивните семиња и примероци во Глобалниот сеф за семиња уште од 2012 година, а последната испорака била во 2014 година.

Сега Сот и неговиот тим во Икарда се соочени со предизвикот да зачуваат и репродуцираат една од најважните колекции на житарки за храна во човештвото.

Преселба во соседен Либан

Преместен во Либан, Сот ја отвора вратата на сефот на Земјоделскиот истражувачки и едукативен центар на Американскиот универзитет во Бејрут, во долината Бека. Тука се складирани семињата на Икарда кои биле донесени од Свалбард.

Сот внимателно од кафеано плико истресува неколку зрнца кои треба да бидат пченица. Тоа е растение од кое пченицата која ја јадеме денес потекнува од пред десет милениуми.

– Ова е извор на посакувани примероци кои се толерантни на суша, но и издливи на топлина, отпорни на болести, и така натаму. Значи ова нешто со стотици години живеело низ природната селекција“, рече тој.
На десет минути возење и од другата страна на планините во Сирија, Икарда гради нов сеф.

За да почнат да го полнат со примероци, во близина има стаклени градини каде ќе бидат засадени, одгледани и репродуцирани семињата. Кога повторно ќе се намножат, семињата повторно ќе им бидат достапни на научниците и на други сефови за семиња.

Во Мароко се спроведува паралелен проект за да се овозможи човештвото секогаш да има пристап до оваа незаменлива збирка на генетички материјал.

– Две третини од материјалот доаѓа од сушните области кои се адаптирани на остри климатски услови и имаат посакувани приноси и при суша, топлина, на студено, при соленост и болести, вели Сот. Истражувачите бараат начин да ги подобрат приносите од житарки со постоечките и истребените од природата генетски линии. Кои се поприлагодени на специфични семиња кои се жнеат во специфичен момент во своето време. „Оваа разновидност ќе ни помогне да ги адаптираме на климатските промени“, вели Сот и во раката држи мало зрнце грав.

– Знаете дека климатските промени се реалност и климатските промени ја менуваат целата природа во смисла на повеќе суши, во потопли средини, па дури и нови болести.

Во Икарда и други слични центри знаат дека минатото може да го содржи клучот на нашата иднина, иако никој не мислел дека ќе бидат сведоци на вака големо извлекување примероци во своето време.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …