вторник , 26 септември 2017
arsenal

Арсенал и Ливерпул можат да играат бараж меч за Лигата на шампионите ако се оствари еден услов

По одигрувањето на заостанатите натпревари и победите на Арсенал и Манчестер Сити, пости можност „Топчиите“ да играат плеј-оф меч против Ливерпул за настап во Лигата на шампионите.

Премиерлигата за прв пат би можела да види плеј-оф меч за одредување на позицијата на табелата.
Во пресрет на последното коло, во битката за топ четири финиш, Манчестер Сити е на третата позиција на табелата со два бода предност пред Ливерпул, а „Црвените“ имаат бод повеќе од петто пласираниот Арсенал.
„Граѓаните“ се тие со најголеми шанси за место кое води во најелитното европско натпреварување, и веројатно битката за последниот патник во Лигата на шампионите ќе биде помеѓу Ливерпул и Арсенал.
Постои можност „Црвените“ и „Топчиите“ преку плеј-оф меч да решаваат кој ќе игра во Лигата на шампионите.
За да се случи тоа, Ливерпул дома ќе треба да загуби од Мидлзбро со 0-2, а Арсенал и Евертон да одиграат 1-1.
На тој начин, двата клуба ќе имаат 73 бодови, постигнато 75 погодоци и гол разлика од +33.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …