недела , 22 октомври 2017
artan-grubi

Артан Груби: Македонија работи на отстранување на условената препорака од ЕУ

Членовите и замениците на Комисијата за европски прашања на Собранието денеска имаа средба со генералниот директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Матијс ван дер Плас.

На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните случувања во Европската Унија, со посебен осврт на европските услови од аспект на понатамошното проширување на Унијата со нови земји-членки, пред сè со државите од Западен Балкан.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби, ја потенцираше холандската континуирана поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија, при што истакна дека земјата работи на исполнување на потребните ЕУ реформи со цел на Унијата да ѝ ги испорача сите потребни аргументи за отстранување на условената препорака во есенскиот извештај на Европската комисија. Исто така, искажа благодарност за холандската поддршка на земјата на повеќе полиња, за што доказ е и тоа што во минатите 20 години Холандија обезбедила финансиска и техничка помош од над 200 милиони евра.

Во дискусијата учествуваа и пратениците Антонио Милошоски, Никола Поповски и Петар Атанасов.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …